пребарување
Се вчитува...
   
 

Соопштение

02.11.2017
Согласно член 129 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија“ брoj 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15 и 37/16), и член 8 од Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа, сите доктори на медицина на кои лиценцата за работа им важи до 15.03.2018 година, треба да поднесат БАРАЊЕ до Лекарска комора на Македонија за обновување на лиценцата за работа  за наредниот 7 - годишен лиценцен период (15.03.2018 до 15.03.2025 година). 

           БАРАЊЕТО (може да се добие во ЛКМ, како и да се симне од интернет страницата на Комората: www.lkm.org.mk) заедно со потребните документи во прилог треба да се достават во Комората (лично или по пошта).                        

Како прилог на барањето се доставаат следниве документи: 
  1. Доказ дека во периодот на важноста на лиценцата за работа се стекнале со најмалку 140 бодови согласно критериумите пропишани со Правилникот за стручното усовршување на Комората. 
  2. Доказ за работа во дејноста: Потврда од Агенцијата за вработување за движење во службата/ ПИОМ ИЛИ образец М1 и М2; ИЛИ Потврда од персоналната служба во јавна здравствена установа за период од 2011година до 2017 година (треба да биде „покриен" период од 4 години работа во дејноста). 
  3. Потврди за платени членарини за Лекарска комора на Македонија за сите години на важност за лиценцата за работа. Докторите кои работат во здравствените установи од јавниот сектор треба да достават потврда од сметководството на ЈЗУ за платени членарини за наведениот период. 
  4. Доказ за извршена уплата (ПП10 или ПП30) на износ од 8.400,00 денари со цел на дознака: за обнова на лиценца за работа.              

Податоци за уплатата: 
  • примач: Лекарска комора на Македонија
  • банка на примачот: Стопанска банка А.Д. Скопје
  • жиро сметка: 200000011464034             
Напомена: Ве молиме документите за обновување на лиценцата во Комората да се доставуваат КОМПЛЕТИРАНИ.

Преземи барање за обновување на лиценца                                    
  Лекарска комора на Македонија  
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3