пребарување
   
 

Потпишана Декларација „Стоп на насилството во здравството“

28.09.2017

Денеска во Лекарската комора на Македонија се потпиша Декларација - Стоп на насилство врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници. 

Декларацијата ја потпишаа претседателите на Лекарската комора на Македонија, доц. д-р Калина Гривчева - Старделова, претседателот на Стоматолошката комора, проф. д-р Владимир Поповски, претставникот на Фармацевтската комора м-р Eрол Али, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, и претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија, Велка Лукиќ.    

На потпишувањето на Декларацијата присуствуваше и државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, како и заменикот на претседателот на Лекарската комората, д-р Иљбер Бесими.            

Потписниците на оваа Декларација се обврзаа, секој во рамки на своите ингеренции, да работи на заштита од насилство врз здравствените работници и соработници, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите. Со Декларацијата се потецнира и правото за безбедна работна средина  и неопходноста  насилството во здраството сериозно да биде сфатено од страна на управителите на сите здравствени установи, како и дека со помош на полицијата и правниот систем мора ефикасно да се справиме со сите негови облици.  

  Едно од начелата на Деларацијата е и дека плановите за спречување на насилството врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници мора да се изработуваат на национално ниво, но и во здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на владата и здравствените установи.            

Заложбата е за јасна и транспарентна работа која нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, според потписниците на Декларацијата, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува.            

Декларацијаза „Стоп на насилствово здравството“, во средината на септември, потпишаа и членките на ЗЕВА, асоцијација во која се обединети 17 комори од земјите на Централна и Источна Европа. 


акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3