пребарување
Се вчитува...
   
 

Неопходна проверка на податоците во Регистерот на доктори

31.01.2017

Почитувани, 

Заради неопходноста за континуирано ажурирање на базата на податоци, Лекарската комора на Македонија Ве моли да ги проверите податоците во Вашето досие во Регистерот на докторите. За да извршите увид во евиденцијата на податоците, користете ја електронската услуга, достапна преку веб - страницата на Комората за која постапката е следна:

  1. Притиснете на текстот „Најава за влез во досие“(во десниот горен агол на на насловна страница);
  2. Се најавувате со Вашето „Корисничко име“ и „Лозинка“
    Вашето корисничко име е Вашиот регистарски број (број на лиценца), а Вашата лозинка е Вашиот матичен број;
  3. Со притискање на копчето „Најави се“, се вклучувате во Вашето досие.

Доколку од било која причина, информациите во Вашето досие не се соодветни, Ве молиме, навремено пријавете и испратете меил со забелешки на адресата: lkm@lkm.org.mk.

Лекарска комора на Македонија

 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3