пребарување
Се вчитува...
   
 

Конкурс за наградата „Св.Наум Охридски“

24.01.2017

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Комисија за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“

РАСПИШУВА КОНКУРС

за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“ за особени постигнувања во областа на здравството во 2016 година


Наградата „Св. Наум Охридски“ се доделува во знак на признание за особени остварувања во областа на здравството, на поединец доктор на медицина. Наградата е парична и се доделува еднаш годишно на доктор кој во претходната година особено се истакнал со совесно и одговорно извршување на докторската професија, кој остварил особено добри резултати во лекувањето на пациентите и се стекнал со доверба и популарност кај нив, кој остварил добра соработка и однос со своите колеги, не истакнувајќи ги притоа своите амбиции и квалитети и не злоупотребувајќи го своето влијание кон пациентите за да се здобие со материјална корист, односно доследно се придржувал кон принципите на медицинската етика и Кодексот на медицинската деонтологија.

Иницијативата за доделување на наградата можат да поднесат Општинските одбори на Комората.Иницијатива за наградата треба да биде поднесена писмено, да биде образложена и да содржи лични податоци и адреса на живеење на предложениот кандидат, податоци за остварените резултати во смисла на критериумите за доделување на наградата и потребна документација.

Образложената иницијатива за доделување на наградата треба да биде поднесена најдоцна до 15.02.2017 година на адреса:

Лекарска комора на Македонија,
Булевар „Партизански одреди“ број 3,
1000 Скопје,

со назнака: Комисија за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“. Некомплетираните иницијативи и иницијативите доставени по определениот рок, нема да бидат разгледувани.

Претседател на Комисија 
за доделување на награда
„Св. Наум Охридски“
д-р Ацо Николов

 

 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3