пребарување
Се вчитува...
   
 

Остварена средба со Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Македонија

03.05.2016
Во согласност со политиката на Лекарската комора на Македонија за редовен контакт со младите лекари, претседателот проф.д-р Кочо Чакалароски и потпретседателката д-р Ленче Нелоска, неодамна одржаа средба со претставниците на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Македонија (АСМЛ). На средбата стана збор за актуелните проблеми со кои се соочуваат специјализантите, динамиката и обемот на новите проекти (кофинансирање на приватни специјализации) како и потребата за решавање на статусот на приватните специјализанти.    
         
На средбата се разговараше за последниот завршен конкурс како и за новиот конкурс за кофинансирање на приватните специјализации, како и за потребата да се реши статусот на приватни специјализанти кои не беа опфатени со овие конкурси.

Комората ги информираше претставниците од АСМЛ за успехот постигнат во преговорите со Министерството за здравство во делот на снимање и пренесување  на специјалистичкиот испит во живо и регулацијата на зачувување на приватноста при снимањето.

На средбата стана збор и за потребата за побрзо усогласување на новите законски измени од страна на ФЗОМ, пред сѐ, околу можностите за работа без сестра како и за имплементација на новините со кои се овозможува т.н. работна специјализација.            

Лекарската комора и натаму останува отворена за младите колеги, ги поддржува, внимателно ги следи нивните проблеми и предизвици и работи на изнаоѓање решенија, а редовните средби со АСМЛ кои се реализираат, несомнено, се добар начин за тоа. 

акредитирани стручни активности

Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Vox Medici
 
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3