пребарување
Се вчитува...
   
 

Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници…

ПОДГОТОВКА, ПЛАНИРАЊЕ. ЕВАЛУАЦИЈА, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од Обединетите нации во рамките на Меѓународната програма за трансфер на знаење, во соработка со Technical University ofBerlin (Germany), VAMK University (Finland), Istituto Superiore di Sanità(Italy) и South-Eastern Europe Health Network (SEEHN), организира:

ЕЦПД МЕЃУНАРОДНА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ПРОГРАМА

  • (Херцег Нови – Медитерански центар Игало, 19 – 23. Февруари 2018.)
Со задоволство Ви упатуваме покана да учествувате во работата на оваа Специјалистичка програма (понатаму: програма), која е посветена на исклучително актуелната проблематика и унапредување на знаењето во областа на подготовката, планирањето, евалуацијата, имплементацијата и управување на проектите во здравството. Развојот на здравствениот сектор е од исклучително значење за општествено-економскиот напредок на земјата, бидејќи здравјето и благосостојбата се предуслови за формирање и зачувување на човечкиот капитал. Стратешките цели на економскиот раст, развојот и зачувувањето на човечките ресурси се неразделно поврзани со здравата нација.Ко-директори на Програмата се Проф. д-р Џон Вајс, автор на Светската банкарска методологија за евалуација на програми, Универзитет Брадфорд, Велика Британија, Проф. д-р Миодраг Ивановиќ, Универзитет Хертфоршир, Велика Британија и Проф. д-р Џејсон Џениш Мадан, Универзитет Ворвик, Велика Британија..

Техничката и финансиската помош на земјите од Југоисточна Европа во минатото главно била ограничена на макроекономската стабилизација, економско преструктуирање и платежнобилансна подршка со цел остварување на долгорочен економски раст и развој. Одржливиот економски раст зависи од зголемување на ефикасните инвестиции, особено јавните. Јавните инвестиции во проектите, главниот инструмент на растот и развојот, се смалени во многу источноевропски земји. Непостоењето на квалитетни студии на изводливост на проектите имаше за последица изостанување на финасирањето од страна на меѓународните финансиски агенции, како што се Светската банка (IBRD), Европската развојна банка (EBRD), Европската инвестициска банка (EIB) и други. 
Ефективната програма на јавните инвестиции во голема мерка зависи од способноста на јавниот сектор, поради остварување на националните и секторските цели и приоритети, да ги идентификува и да ги формулира проектите кои се соодветни во технички, економски, финансиски, еколошки и раководен смисол. Оваа специјалистичка програма е осмислена така, да ја унапреди способноста за изработка на проектни планови и студии, што би им овозможило на проектите да привлекуваат средства од меѓународните финансиски агенции.

Програма

Програмата на Курсот ги опфаќа следните главни теми:
  • Увод
  • Идентификација на проектите
  • Финансиска математика и увод во формулирање на проектите 
  • Проценка на проектите (економска и еколошка)
  • Проценка на проектите (финансиска)
  • Анализа на неизвесноста
  • Реализација на проектите и управување со проектите 

Цел на програмата

Анализите на проектите во здравствениот сектор имаат за цел да помогнат во носењето на одлуки за економскиот, финансискиот и технички најефикасниот избор на проекти, со што се постигнуваат саканите здравствени резултати/ придобивки, со минимален трошок на ресурсите. Економската анализа треба да биде доволно широка да ги согледа макроекономските и секторските импликации, проценката на економската ефикасност и одржливоста на проектите. Пожелно е во почетната фаза на сите проекти да се изврши проценка на побарувачката или потребата од предложениот проект, како и да се разгледаат алтернативните варијанти на проектот и да се избере најповолната.
По завршувањето на курсот, на слушателите ќе им биде овозможено следното: 
  • Разбирање на податоците и информациите неопходни за идентификација, формулирање, економска и финансиска проценка, имплементација и управување со проектите. 
  • Изработка на извештаи во врска со студиите на изводливост и критичкото преиспитување на извештаите поднесени од страна на консултантските организации. 
  • Планирање и утврдување на динамиката во извршувањето на активностите и задачите во врска со имплементацијата на проектите. 
  • Планирање на соодветна организација во управувањето со проектите и во фазата на планирање и во оперативната фаза на проектите.
  • Дизајнирање и имплементација на ефикасниот информациски систем за управување со проектите (PMIS), како би се овозможило периодично следење на финансискиот и физичкиот напредок и контрола на надминувањето на времето и трошоците. 
  • Истражување на сите потенцијални извори на јавно и приватно финансирање и сите методи на планирање, спроведување и одржување, вклучувајќи ја и иницијативата за јавно финансирање (PFI) и јавно-приватното партнерство (PPP).

Организација

Оваа програма, во траење од пет работни денови (50 часови), се состои од лекции кои ги опфаќаат сите фази на планирање, оценка и реализација на проектите, како и фазата на имплементација и управување со проектите. Во секоја фаза на студијата на случај се користат примери и вежби.  Слушателите добиваат соодветен наставен материјал, потребен за ефективно следење на наставата и за изучување на наставните содржини по завршувањето на едукацијата, како и сите аворизирани излагања на предавачите. За да можат слушателите да го совладаат градивото што поуспешно, ЕЦПД ќе обезбеди и симултан превод.

Сертификат

Врз основа на учеството во наставата и стекнатите знаења и вештини во текот на Курсот, слушателите ќе добијат меѓународно валиден Сертификат на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од Обединетите нации. 

Пријава за учество и котизација

Котизацијата за специјалистичката програма изнесува 590 евра по учесник. Пријавата за учество да се достави до 31 јануари 2018 година. на адреса: Европски центар за мир и развој (ЕЦПД) на Универзитетот за мир основан од ОН, Теразије 41, 11000 Београд; факс: + 381 11 3240-673, 3234 082; тел: + 381 11 3246-041 (042-045), e-mail: office@ecpd.org.rs, или на ЕЦПД Регионален институт за развојни студии, Железничка 30/1, 1000 Скопје, тел: + 60 90 290, e-mail: ecpdrirs@t.mk.

Сместување за учесниците

Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од ОН за своите слушатели обезбеди сместување во Медитеранскиот центар Игало (www.igalospa.com; тел: + 382 31 658 555, 658 999; факс: + 382 31 332 725; e-mail: marketing@igalospa.com) во кој и ќе се одржува Школата, по бенефицирани цени, а на основа на полупансион : 
  • 49 Евра по ден за сместување во еднокреветни соби и
  • 39 Евра по ден за сместување во двокреветни соби, по особа. 
Со овој образец ја приложуваме и Апликацијата за резервација на сместувањето, со препорака да ја извршите преку Секретаријатот на ЕЦПД. Во очекување на вашите пријави и учество во работењето на Програмата, срдечно Ве поздравуваме. 


Меѓународни постдипломски студии на специјалистички, магистерски и докторски нивоa 

 

ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА МИР И РАЗВОЈ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА МИР ОСНОВАН ОД ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (ЕЦПД), меѓународна образовна и истражувачка организација од академскиот систем на ОН, во рамките на ЕЦПД меѓународната програма за трансфер на системот на знаење организира меѓународни постдипломски студии на специјалистички, магистерски и докторски нивоа од областа здравствениот менаџмент, семејната медицина и геронтолошкото здравство како и сертифицирани програми, семинари, конференции, научни собири од области кои вклучуваат: реформи во здравството, болнички менаџмент, менаџмент на квалитетот на здравствената нега, болести на зависност, спортска медицина, традиционална медицина и други области на изучувања што се сметаат за неопходни, наменети за сите стручњаци од различни профили: лекари, педагози, психолози, правници, социјални работници и други стручни лица, во соработка со угледни професори и регионални и меѓународни универзитети и академски институции во Европа, САД, Канада и Јапонија.


ECPD Меѓународна специјалистичка школа

  • Традиционална медицина и акупунктура (Белград, 15 мај – 9 јуни 2017) 

Програма  

IX ECPD Меѓународна специјалистичка школа

  • Современите достигнувања во превенцијата, лечењето и рехабилитацијата на болестите на зависност со главна тема: Болестите на зависност – работа во заедницата (Котор, 2 – 4 јуни 2017)

Програма  

ECPD Меѓународна специјалистичка школа

  • Спортска медицина (Бечиќи,  5 – 9 јуни 2017)

Програма  

VIII ECPD Меѓународна летна школа

  • Промоција и здравствена заштита на репродуктивното здравје со главна тема: Репродуктивното здравје и одржливиот развој – предизвици и приоритети (Бечиќи, 26 – 30 јуни 2017)

Програма  

IX ECPD Меѓународна летна школа

  • Кардиоваскуларни болести со главна тема: Превенција, дијагностика и третман на кардиоваскуларните болести (Опатија, 26 - 30 јуни 2017)

Програма  

XXII ECPD Меѓународна летна школа

  • Менаџмент на здравствените институции со главна тема: Професионалниот менаџмент, клуч за одржлива здравствена заштита (Бечиќи,  26 – 30 јуни 2017)

Програма  

ECPD Меѓународна специјалистичка школа

  • Експертизна медицина (Бечиќи,  28 – 30 јуни 2017)

Програма  

IV ECPD Регионална конференција

  • Фармакоекономија со главна тема: Управување, финансирање и набавки во областа на здравството (Опатија, 29 – 30 септември 2017)

Програма  

Специјалистички студии од областа на интегративниот – холистички пристап кон здравјето

Програма  

ECPD Меѓународна школа

  • Глобален развој на здравството

 

Постдипломски студии од областа на Здравствениот Менаџмент

Програма

– Докторски студии

– Магистерски студии

– Постдипломски специјалистички студии

– Специјалистички програми 



„XIII Онколошки денови на Устка“ од 2-3 септември во Охрид          

Во периодот 2-3 септември 2016 година, во хотел „Метропол“ во Охрид, ќе се одржи  „XIII Онколошки денови на Устка“, со меѓународен карактер на тема „Прогрес во хирургијата и онкологијата“.              
На  Онколошки денови еминентни експерти  од Полска, Јапонија, С.Кореја, САД и други земји ќе презнтираат повеќе теми од различни области на онкологијата и хирургијата, а учеството го имаат веќе потврдено повеќе од 180 лекари од Полска и други земји од Европа. 
Сите заинтересирани можат да  го најават своето присуство.

Програма 


Меѓународни постдипломски студии на специјалистички, магистерски и докторски нивоa 

ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА МИР И РАЗВОЈ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА МИР ОСНОВАН ОД ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (ЕЦПД), меѓународна образовна и истражувачка организација од академскиот систем на ОН, во рамките на ЕЦПД меѓународната програма за трансфер на системот на знаење организира меѓународни постдипломски студии на специјалистички, магистерски и докторски нивоа од областа здравствениот менаџмент, семејната медицина и геронтолошкото здравство како и сертифицирани програми, семинари, конференции, научни собири од области кои вклучуваат: реформи во здравството, болнички менаџмент, менаџмент на квалитетот на здравствената нега, болести на зависност, спортска медицина, традиционална медицина и други области на изучувања што се сметаат за неопходни, наменети за сите стручњаци од различни профили: лекари, педагози, психолози, правници, социјални работници и други стручни лица, во соработка со угледни професори и регионални и меѓународни универзитети и академски институции во Европа, САД, Канада и Јапонија.


III ECPD Регионална конференција

  • Фармакоекономија со главна тема: Управување, финансирање и набавки во областа на здравството (Бриони, 23 -24 септември, 2016)
                                                                                                                                                       Програма

VIII ECPD Меѓународна летна школа

  • Кардиоваскуларни болести со главна тема: Контрола на ризик фактори, дијагностика и лекување на кардиоваскуларни болести (Милочер, 4-8 јули, 2016)

XXI ECPD Меѓународна летна школа

  • Управување со здравствени институции со главна тема: Здравствените сиситеми во економска и мигрантска криза (Милочер, 27 јуни-1 јули, 2016)

VIII ECPD M еѓународна специјалистичка школа

  • Најнови достигнувања во превенцијата , терапијата и рехабилитацијата на болестите на зависност со главна тема: Болестите на зависност – работа во заедницата (Котор, 3-5 јуни, 2016)

II ECPD Меѓународен специјалистички семинар

  • Динамиката на односот доктор – пациент, права и обврски на докторите и на пациентите (Котор, 20 -22 мај, 2016)

ECPD Меѓународна школа за глобален разбој на здравството

  • Постдипломмски студии за здравствен менаџмент



Меѓународно здружение за гинеколошка ендоскопија (ISGE - International Society for Gynecologic Endoscopy) 

  • 25 Светски конгрес и 4 Хрватски конгрес за минимално инвазивна гинеколошка хирургијa  (Опатија, 25 - 28 мај, 2016)

 

Регистрација
Програма




акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3