пребарување
Се вчитува...
   
 

15. Конгрес на Друштвото на лекарите на Црна Гора со меѓународно учество

03.11.2015

15. Конгрес на Друштвото на лекарите на Црна Гора со меѓународно учество

  • Во периодот од 21-25.10.2015 год. се одржа 15от конгрес на друштвото на лекари на Црна Гора со меѓународно учество во организација на Друштвото на лекарите на Црна Гора и Лекарската комора на Црна Гора. Конгресот се одржа под покровителство на министерот за здравство на Република Црна Гора, г-дин Будимир Шегрт. На маргините на Конгресот беше одржан состанок со претседателот на Лекарската комора на Црна Гора, прим. д-р Ѓоко Јочиќ
  • Теми на Конгресот:
    1. статус на професијата: постоечка состојба, перспектива и иднина;
    2. современи медицински достигнувања во Црна Гора;
    3. интрахоспитални инфекции;
    4. дијабетес: медицински и социо-економски проблем;
    5. слободни теми: од медицина и стоматологија.
  • На свеченото отварање на Конгресот беа присутни:
    1. Будимир Шегрт, министер за здравство во Владата на Црна Гора,
    2. Сања Влаховиќ, министер за наука во влада на Црна Гора,
    3. Слободан Томиќ, претседател на Друштвото на лекари на Црна Гора,
    4. Горан Николиќ, декан на Медицински факултет-Подгорица
    5. Кенан Храповиќ, директор на Фондот за здраввство на Црна Гора
  • „Блиц" податоци за здравствената наука и практика во Црна Гора:
    1. друштвото на доктори на Црна Гора е основано во 1947 год.
    2. првиот број на стручното гласило на Друштвото („Меди-цински записи") излезе од печат во 1952 год.
    3. првиот конгрес на лекарите од Црна Гора е одржан во 1957 год.
    4. соработката помеѓу Друштвото на лекари на Црна Гора и МЛД е започната во ноември,1981 год.
  • Во рамки на 1та пленарна тема (статус на професијат: актуелна состојба,перспектива и иднина) беа изнесени излагањата на:
    1. Проф. д-р Будимир Шегрт: „Развој и унапредување на здравствениот систем со имплементација на нови стратешки документи".
      • во своето излагање министерот за здравство ги наведе најновите стратешки документи усвоени од Владата на Црна Гора кои се однесуваат на развојот и унапреду-вањето на здравствениот систем на Црна Гора. Од изнесеното можеше да се заклучи дека развојот на здравството се согледува низ две димензии. Димензија здрав-ств о : број/квалитет на објекти во кои се сместени хос-питалните и поликлиничко-амбулантски установи во Црна Гора; бројност и квалитет на постоечката оп-рема; доволно количество на квалитетен потрошен материјал во здравство и доволен број и квалифици-раност на здравствените кадри во Црна Гора. Втората димензија е пациентот: тој е во центарот на внимание на Владата на Црна Гора и особено на Министерството за здравство. Накратко беа наведени сите најнови измени на актите кои го регулираат статусот, правата и обврските на пациентите за време на нивното движење низ различните етапи на пружање здравствена заштита во Црна Гора. Министерот го заврши излагањето со уверување дека, според него, најзначаен критериум за квалитетот на работата на здравствените власти и воопшто здравството во Црна Гора е - исказот на пациентот, т.е. дали е тој задоволен или незадоволен од актуелната состојба. Со излагањето на Министерот за здравство Конгресот беше прогласен за отворен.
    1. Прим. д-р Ѓоко Јочиќ: „Статус на професијата - програмско определување на лекарската комора"
      • Претседателот на ЛК на Црна Гора исцрпно и искрено ги изнесе проблемите со кои се среќава ЛК на ЦГ во секојдневното работење. Наведе дека ЛК на ЦГ е осно-вана пред пет години и дека при нејзиното конституирање и подготовката на актите се користеа документи на лекарски комори од поранешните југословенски републики и актите на Германската лекарска комора. Беше констатирано дека ЛК на ЦГ е комора со најмалку јавни овластувања во регионот (од 1994 година ништо не е пренесено од страна на МЗ како функција на ЛК на ЦГ). Во натамошното излагање беа наведени проблемите во врска со стручната лекарска грешка и причините за нејзина појава (незнаење, нестручност, небрежност, недоволна мотивираност, недоволно следење и усвојување на најновите теоретски и практички медицински достигања, големиот број на специјализации во медицината, сса 500...). ЛК на ЦГ тесно соработува со Друштвото на лекари на ЦГ, особено во обезбедувањето и одржувањето на КМЕ (околу 60-70 едукативни состаноци годишно; партиципантите се ослободени од котизација). Во земјата се издаваат два типа на лиценци: основна која се однесува на лекари кои се задржуваат во сегментот на ПЗЗ и не се обно-вува и ткн."лиценца од практика" која се обновува секои 5 години. "Лиценцата од практика" овозможува напредување во струката (раководно место во установата, специјализација, стекнување на звање примариус, аплицирање за наставно звање...). ЛК на ЦГ се соочува со физички напади врз лекари од страна на незадоволни странки и бара од Владата на ЦГ да се донесе закон со кој здравствените работници ќе добијат статус на службено лице. Од ЛК на ЦГ, под притисок на јавноста, се бара да се одземе работна лиценца на лекар, ако постои сомнение за сторена докторска грешка. Ставот на ЛК на ЦГ е дека лиценца може да се одземе само ако во судска постапка се докаже вината на докторот. Во ЦГ процесите против лекарите можат да се одолжат (до 15-ина години) и нема оправдување лекарот да се исклучи од медицинска практика еден подолг временски период, посебено ако се докаже неговата невиност во судска постапка. Во ЦГ постои Суд на ЛК во кого партиципираат, покрај членови на ЛКЦГ, и делегати од Правосудниот совет на ЦГ. Оваа тело е независно и врз неговите одлуки никој не може да влијае, вклучувајќи го и претседателот на ЛК на ЦГ. Против одлуката на овој суд може да се приложи жалба пред Управниот суд на ЦГ. Со докажување на вината, се преземаат казнени одредби од страна на ЛК на ЦГ (времено/трајно одземање на работна лиценца). Во ЦГ лекарите се сметаат за сиромашна категорија на граѓани што не е во склад со оригиналната Хипо-кратова заклетва во која се наведува"во часот кога стапувам во ред со оние на кои им се дарува задоволување на сите животни потреби, на кои им е предодредено да живеат во благосостојба, се колнам со Аполон лекарот, Асклепиј..". Во ЛК на ЦГ денес чле-нуваат околу 1.900 доктори и 650 стоматолози. ЛК на ЦГ се заложува за модернизација на здравствените установи и воведување на најсовремени дијагностички и тераписки методи. Лекарите во ЦГ не се осигурани од лекарска грешка бидејќи осигурителните компании не сакаат да осигураат лекари кои работат повеќе од 8 часа/ден.
    1. Проф. д-р М.Кулиш: „Морален однос лекар-пациент и лекар - лекар",
    2. Драгана Чукиќ: „Заштита на докторската професија од кривична одговорност",
    3. Елвир Зврко,Славица Вујисиќ: „Лекарска грешка".

Во овие три излагања се презентираат, главно, познати деонтолошко-морални аспекти асоцирани со лекарската професија. Се инсистира на високопрофесионален и искрен однос меѓу докторот и пациентот, како и помеѓу самите доктори. Посебно се нагласува потребата од стекнување стручна доверба за квалитетот и подготвеноста на докторот и потенцирање на комуникативноста која треба да ја поседува во однесувањето кон пациентите. Лекарите не треба никојпат да се радуваат на несреќата на било кој колега бидејќи исти или слични неволји можат и нив да ги снајдат во некој друг период. Во предавањето на Драгана Чукиќ главно се коментираа членови од ЗЗЗ/ЗКП на ЦГ кои беа поткрепени со примери од судската практика. Во последното излагање беа опафатени аспектите на докторската грешка - дефиниција, начин на настанок: со чинење и нечинење, статистика на лекарски грешки, нивна стратификација по специјалности, лекарската грешка и законодавството и предлог-согледување за намалување на лекарските грешки.

  • Разговор со претседателот на ЛК на ЦГ, прим. д-р Ѓоко Јочиќ:
      • изразена благодарност до ЛКМ/МЛД за помошта која е пружена при оснивањето на ЛК на ЦГ,
      • се инсистира на продолжување на комуникациите помеѓу Друштвото на лекари на ЦГ (ДЛЦГ)/ЛКЦГ и соодветните институции во Македонија (ЛКМ/МЛД),
      • се предлагаат заеднички состаноци помеѓу стручните асоцијации на МЛД и ДЛЦГ кои би се одржувале алтернативно во Македонија и Црна Гора на одреден период (на пр. на секои две години),
      • презентирана е актуелната состојба во ЛКМ (простор-на, кадровска опременост,број и работа на постојани комисии,законска регулатива,закон за доктори, донесу-вање на нов статут на ЛКМ, правна помош на доктори, медијација, учество во јавни дебати при донесување на закони кои обработуваат теми од здравство, фармација, примена на нови лекови/помагала, медицина засно-вана на докази...).

Проф. д-р К.Чакалароски


акредитирани стручни активности

Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Vox Medici
 
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3