пребарување
Се вчитува...
   
 

Публикации

VOX MEDICI
гласило на лекарската комора на Македонија

Излегува на три месеци

Адреса:
„Партизански одреди“ број 3,
1000 Скопје

тел. 02/ 323 90 60
тел. 02/ 322 55 92
тел/факс 02/ 312 40 66

Email:
lkm@lkm.org.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И УРЕДУВАЧКИ ОДБОР НА БИЛТЕНОТ

д-р Михаил Кочубовски, Главен и одговорен уредник,
ОО на ЛКМ - Центар 3
д-р Шабан Мемети, заменик на ОО на ЛКМ - Центар 3





УРЕДУВАЧКИ ОДБОР


д-р Спасе Јовковски, ОО на ЛКМ - Центар 1
д-р Елица Станишлевиќ, ОО на ЛКМ - Струмица
д-р Македонка Попова - Спасеска, ОО на ЛКМ - Приватни Скопје
д-р Атип Рамадани, ОО на ЛКМ - Центар 2
д-р Азис Полжани, ОО на ЛКМ - Струга
д-р Катерина Дамевска, ОО на ЛКМ - Центар 2
д-р Костандина Корнети - Пекевска, ОО на ЛКМ - Центар 3
д-р Беким Поцеста, ОО на ЛКМ - Центар 2
д-р Селим Черкези, ОО на ЛКМ - Гостивар
д-р Ели Карчева - Сарајлија, ОО на ЛКМ - Струмица
д-р Билјана Ефтимовска, ОО на ЛКМ - Штип



број 94

број 93

број 92

број 91

број 90

Медицина на трудот бр.1

број 89

Кардиологија бр.1

За да ги отворите и испечатите документите потребно е да имате инсталирано Acrobat Reader.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА АВТОРИТЕ

„Vox Medici" ќе објавува стручни, научни и ревијални трудови, прикази на случаи или кратки извештаи. Авторите се должни да се придржуваат на правила за подготовка на трудовите. Уредувачкиот одбор на „Vox Medici" нема да ги прифати за разгледување и/или рецензија трудовите што нема да ги задоволат овие барања

ПОДГОТОВКА НА МАНУСКРИПТ

Манускриптот треба да биде поднесен во А4 формат (216 x 279 мм) со маргини од 25 мм од секоја страна, отчукан само на едната страна од листот, со двоен проред, со големина на букви 12 точки, Mac C Times, а латинскиот текст со Times New Roman. Бројот на страниците (без табели и/или фигури/илустрации) зависи од типот на трудот:

  1. за оригинален научен труд 12 страници и најмногу 6 табели и/или графикони/слики;
  2. за стручен труд или ревијален труд 8 страници и најмногу 4 табели и/или графикони/слики;
  3. приказ на случај или краток извештај 6 страници и најмногу 3 табели и/или графикони/слики.

Секој од дел од трудот треба да започнува на нова страница: насловна страница, апстракт со клучни зборови, текст на трудот, референци, индивидуални табели, илустрации и легенди. Нумерирањето на страниците треба да биде во долниот десен агол, почнувајќи од насловната страница.

Прва страница насловна страница: Треба да содржи: (а) наслов на трудот, краток, но информативен; (б) првото име, иницијали на средното име и презимето на секој автор (в) институција; (г) името на одделението на кое ќе му се препише трудот; (д) името и адресата на авторот со кого ќе се кореспондира во врска со манускриптот (ѓ) извор/и на поддршка во форма на грантови, опрема, лекови, или сите.

Авторство: Сите лица наведени како автори треба да се квалифицираат за авторство секој автор треба да учествувал доволно во работата за да може да ја преземе јавната одговорност за неговата содржина. Редоследот на авторите треба да биде заедничка одлука на сите автори. Авторството треба да се засновува само на значајно учество во: (а) конципирањето и дизајнот или анализата и интерпретацијата на податоците; (б) правењето на нацрт на трудот или критичко рецензирање за важна интелектуална содржина; (в) финално одобрување на верзијата за публикација. Условите под (а), (б) и (в) мора сите да бидат исполнети. Учество само за обезбедување финансирање или само на собирање податоци не го оправдува авторството. Секој дел од трудот во однос на главните заклучоци мора да биде одговорност на барем еден автор. Труд со корпоративно (колективно) авторство мора да го специфицира клучното лице кое е одговорно за трудот. Едиторите може да бараат автори те да го оправдаат авторството.

Втора страница апстракт и клучни зборови: Апстрактот треба да е напишан со најмногу 150 збора за неструктуриран апстракт и 250 збора за структуриран апстракт (ги содржи деловите: цел/и на студијата или истражувањето, основни процедури, како што е селекција на испитуваните лица или лабораториски животни, опсервационите и аналитичките методи, потоа, главните наоди/резултати (податоците и нивната статистичка значајност, ако е можно), и главните заклучоци. Истакнете ги новите и важните аспекти на студијата или опсервацијата.
Под апстрактот идентификувајте ги и напишете ги клучните зборови: 35 збора или кратки фрази кои ќе помогнат во индексирањето на трудот и при публицирањето на апстрактот. Користете термини од листата на Index Medicus за медицински наслови (MeSH); ако нема соодветен MeSH термин за некои но во воведени термини, може да се користат изнесените термини.

Трета и понатамошни страници текст на трудот: Текстот од опсервациони и експериментални трудови обично треба да биде, но не е задолжително, поделен на делови со следните наслови: вовед, материјал и методи, резултати и дискусија.

Вовед: Изнесете ја целта на трудот. Сумирајте ја оправданоста за изведување на студијата или опсервацијата. Дајте ги само референците строго поврзани со предметот на истражување или опсервација, не правете обемен преглед на предметот на истражување/опсервација. Не ставајте податоци или заклучоци од работата за која се известува.

Материјал (се однесува на материјал врз кој се врши истражувањето: луѓе, животни, крв, мочка... картони на болни...) и методи: Изнесете ја општата дескрипција на методите. Опишете го јасно изборот на вашите опсервациони или експериментални субјекти (пациенти или лабораториски животни, вклучувајќи ги и контролните). Изнесете ги методите, опремата (производител, име и адреса во заграда), и процедурите во доволно детали што ќе дозволат други да ги постават методите, вклучувајќи ги статистичките. За методи кои се веќе публикувани, напишете ја референцата/ите и дајте само краток опис на методите што се публикувани и се добро познати; опишете ги новите или значително модифицираните методи, изнесете ја причината заради што ги користите и евалуирајте ги хемикалиите/лековите што ги користите, вклучувајќи ги генеричките имиња, дозите, патот на администрација.

Статистика: Ако податоците се сумирани во делот резултати, специфицирајте ги статистичките методи што сте ги користеле за да ги анализирате. Опишете ги статистичките методи со доволно детали за да му овозможите на секој читател со доволно знаење да има пристап до оригиналните податоци за да се верифицираат изнесените резултати. Кога е можно, квантифицирајте ги наодите и изнесете ги со соодветни индикатори на грешките на мерење (како што се интервалите на доверба CI). Избегнете потпирање само на статистичко тестирање на хипотеза, како што е употреба на „п" вредноста, ако не можат да пренесат важна кванитативна информација. Дајте детали за рандомизацијата; опишете ги методите за и успехот од опсервациите со примена на слепост на пробите. Дајте го бројот на опсервации. Известете за губење на опсервации (како што се исклучувањата од клиничките истражувања). Специфицирајте ја компјутерската статистичка програма што сте ја користеле.
Избегнете нетехничка употреба на техничките термини во статистиката, како што е „случаен" (укажува на рандомизација), „нормално", „значајно", „корелации", и „мостра". Дефинирајте ги статистичките термини, кратенки и повеќето симболи.

Дискусија: Истакнете ги новите и важни аспекти на студијата и заклучоците што ќе следуваат од нив. Не повторувајте ги во детали податоците или другиот материјал даден во претходните делови. Изнесете ги импликациите на наодите и нивните ограничувања, вклучително и импликациите за идните истражувања. Компарирајте ги опсервациите со други релевантни студии. Поврзете ги заклучоците со целите на студијата и избегнете неквалифицирани искази, тврдења и заклучоци кои не се потполно поткрепени со вашите податоци. Избегнувајте да давате приоритет на работите што не се завршени. Изнесете нова хипотеза само кога е јасно дека може да гарантирате дека може да биде означена како таква. Може, ако е соодветно, да се дадат и препораки.

Референци: Референците се внесуваат во текстот со арапски број ставен во загради, според редот на првото јавување во текстот. За пишување на референците во библиографијата, користете го начинот и форматот што се користи во Index Medicus Consult list of Journals indexed in Index Medicus(види примери подолу).
Избегнете да користите како референци апстракти, „непублицирани податоци" и „лични комуникации". Може да се користат референци, трудови прифатени, но се уште не публицирани напишете го списанието и додадете „во печат".

ПРИМЕРИ НА КОРЕКТЕН ФОРМАТ НА РЕФЕРЕНЦИ:

Трудови во списание: Стандарден труд во списание (набројување на сите автори, но ако бројот надминува шест, напишете ги имињата на првите три автори и додајте „ет ал").
1. You CH, Lee KY, Chey RY, Menguy R. Electrogastrographic study of patients njith unexplained nausea, bloating and vomiting. Gastroenterlogy 2001; 79(2): 3114.

Книги и други монографии

2. Colson JH, Tamour NJJ. Sports in juries and their treatment. 2nd ed. London: S. Paul, 2006.

Табели: Секоја табела треба да биде на посебен лист, отчукана според истите правила како за целиот текст. Не испраќајте табели како фотографии. Табелата не смее да има повеќе од 6 колони и 8 реда. Обележете ги табелите едноподруго со арапски бројки, според редоследот на појавување во текстот. Дајте кратко објаснување на табелата во продолжение на насловот. Сите дополнителни објаснувања, легенди или објаснувања на нестандардните кратенки, ставете ги веднаш под табелата. Секоја табела треба да биде цитирана во текстот.

Илустрации: Фигурите треба да се нумерирани според редот со кој прв пат се цитираат во текстот. Графиконите и фигурите треба да бидат професионално изработени, црно бели или во боја. Рендгенограмите и друг вид илустрации од патохистолошки препарати или слично, треба да бидат доставени на фотографија на мазна светликава фотографска хартија, најдобро со големина 127x173 мм, и не поголеми од 203x254 мм. Буквите, бројките симболите и друго треба да бидат јасно видливи и по редуцирање на големината на илустрацијата. Насловите и деталите за илустрацијата треба да се дадени во легендата во текстот, а не на самата илустрација.
Секоја илустрација (графикон, слика...) треба со мек молив да биде обележена на задната страница со податоци за бројот на илустрацијата, името на авторот и со стрелка да се означи насоката на фотографијата (горе, долу). Не виткајте ги фотографиите, испратете го материјалот во плик врз картонска подлошка.
Ако се даваат фотографии на лица, тие треба да бидат или со добиена писмена дозвола да бидат објавени, или такви лицата да не може да бидат идентифицирани.

КРАТЕНКИ И СИМБОЛИ

Користете ги стандардните кратенки. Избегнете кратенки во насловот или во апстрактот. Целиот термин на кој се однесува кратенката треба да претходи на нејзината прва употреба во текстот, освен ако е стандардна единица мерка.

Напомена

Во сите манускрипти кои се испраќаат до главниот и одговорен уредник треба да стои, како напомена, дали тие се наменети за рубриката „Стручни и научни трудови" или за другиот дел од списанието.
На крајот од трудот, на посебен лист треба да потпишете изјава дека трудот не е понуден за печатење и нема да се испраќа ист текст до други стручни списанија.

 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3