пребарување
Се вчитува...
   
 

Упатство

Упатство за поднесување барање за одобрување и катогоризирање на стручни активности

Стручното усовршување го спроведуваат Македонското лекарско друштво, стручни здруженија членки на Македонското лекарско друштво и други стручни здруженија. Како организатори на разни форми на стручни усовршувања можат да бидат и Министерството за здравство, Медицинските факултети, МАНУ, клиника, институт, здравствена установа и организации од областа на здравството.

Барањето за одобрување и катогоризирање на стручна активност организаторот, комплетирано со потребните документи најдоцна три месеци пред одржувањето на соодветниот облик на стручно усовршување го доставува до Македонското лекарско друштво.

Македонското лекарско друштво врши оцена на барањето дали се задоволени критериумите за одржување на стручната активност. По позитивна оцена на барањето, Македонското лекарско друштво ги доставува документите до Лекарската комора на Македонија ( Комисија за стручни прашања ).

Комисијата за стручни прашања, по разгледување на барањето за одобрување и катогоризирање на стручна активност донесува одлука за признавање и категоризација на одредената стручна активност и ги определува бодовите утврдени со Правилникот за континуирано стручно усовршување, критериумите за распоредување на облиците, критериумите за избор на спроведувачите на облиците на континуирано стручно усовршување и бодовите за обновување на лиценцата за работа на здравствените работници со високо образование од областа на медицината.

Со организаторот на облиците на стручните активности Лекарската комората склучува договор за меѓусебните права и обврски.

Vox Medici
 
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Закон за докторска дејност (работен текст)
Поволности за лекари
Секој вторник од 11 до 14 часот во ЛКМ правни совети од адвокатски тим
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3