пребарување
Се вчитува...
   
 

Цели и задачи

Лекарската комора на Македонија е самостојна и професионална организација на докторите по медицина, здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на здравствената заштита, за следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на интересите на лекарската професија.
Комората ги застапува и ги заштитува интересите на членовите на Комората а се грижи и за угледот при вршењето на лекарската професија.

 

ЗАДАЧИ

  • Се грижи за почитување на етичките и правни норми при
    вршењето на медицинската практика;
  • Води сметка за придржувањето кон моралните принципи, чесноста и неопходната преданост кон медицинската професија, за угледот на докторите и за чувањето на лекарската тајна;
  • Води регистер на доктори во Република Македонија;
  • Донесува акти во врска со лиценците за работа на докторите;
  • Ја брани честа и независноста на медицинската професија;
  • Работи на унапредување на стручноста и го поттикнува постојаното усовршување на своите членови;
  • Ја поттикнува соработката меѓу членовите и ги разгледува и смирува евентуалнтите спорови меѓу нив;
  • Се грижи за правна, социјална и друг вид заштита на своите членови и
  • Се бори против сите видови надрилекарство
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3