пребарување
Се вчитува...
   
 

За ЛКМ

Лекарската комора на Македонија е формирана на 5 јуни 1992 година. Иницијативата за формирањето на Комората во Македонското лекарско друштво ја покренуваат неколку доктори врз основа на сознанијата што тие ги имаат за развиените земји во светот.

Собранието е одржано во просториите во Болницата на Армијата на Македонија во Скопје. На Првата конститутивна седница, меѓу другите, присуствувал и Киро Глигоров првиот претседател на Република Македонија. По уводниот збор на проф. д-р Јован Тофовски и поздравниот говор на Киро Глигоров делегатите усвоиле Статут и Кодекс на медицинската деонтологија на Комората. Биле избрани и органите и телата на Лекарската комора. За претседател е избран проф. д-р Алексеј Дума.

Двата документа делумно се изменети и дополнети на Втората седница на Собранието одржана на 27 мај 1993 година во Скопје.
Статутот е изменет и дополнет и во февруари 2000 година.

Во Лекарската комора на Македонија во почетокот членувале доктори по медицина и докторите по стоматологија. Во 1995 година стоматолозите се издвојуваат и формираат нова Стоматолошка комора.

Лекарската комора на Македонија е наследник на лекарската комора која постоела на овие простори во третата деценија на минатиот век во тогашното кралство Југославија. Седиштето на комората која ја покривала тогашната вардарска бановина било во Скопје. Во комората членувале сите доктори и стоматолози што било обврска за да можат да ординираат. Се плаќало членарина и тоа во месните писарници во општинските полициски станици.


акредитирани стручни активности

Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Vox Medici
 
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3