пребарување
   
 

Почитувани членови на Лекарската комора на Македонија!

Согласно Новиот Закон за Здравствена заштита (бр.07-1704/1, од 28.03.2012 год., член 152, Сл.Весник 43/2012 год.) СЕКОЈА Здравствена установа ја осигурува одговорноста на своите здравствени работници за штета која може да ја предизвикаат при вршење на својата професионална дејност во рамките на установата.

Со цел да се пронајде осигурителна компанија која на здравствените работници-докторите по медицина ќе им понуди најсоодветно осигурување на одговорност од лекарска негрижа, Лекарската комора посвети големо внимание и превзема активности да изврши испитување на пазарот. Во таа функција ангажирано е Осигурителното брокерско друштво САФЕ ИНВЕСТ СКОПЈЕ, кое со својот стручен тим помогна во изборот на најповолна понуда.

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ е компанија со која е постигнат најповолен договор за осигурување од одговорност за штета која би можеле да ја предизвикаат здравствените работници при вршењето на здравствената дејност-лекарска грешка.

Договорената понуда е максимумот кој е понуден на пазарот во оваа област на  осигурување во Република Македонија, но и пошироко во регионот.

Понудата овозможува секој доктор поединечно, врз основа на лична проценка за можноста да предизвика стручна грешка во неговото работење, да се определи за осигурителен пакет кој го смета за најсоодветен.

Постапка за осигурување:

  • Најава за осигурување: пополнувате апликација поставена на подолу во текстот (или преземете ја од тука); пополнетиот образец се испраќа, со што аплицирате за склучување на договор за осигурување и  барате изготвување на полиса  на износ  кој го определувате со чекирање во табелата; 
  • Контакт со осигурителниот брокер: осигурителниот брокер ќе воспостави контакт со Вас (телефонски или по е-мејл) при што ќе Ве информира кога и каде  да се јавите за склучување на договор за осигурување;
  • Подигање на полисата за осигурување: во договорениот термин треба да се јавите во најблиската канцеларија на осигурителното / брокерското друштво за  да ја реализирате уплатата и подигнете полисата за осигурување; 

Дополнителни информации  од  стручниот тим на  САФЕ ИНВЕСТ СКОПЈЕ.
Телефони:     02 3117 644, 02 3121 656, 076 313 351, 313 353, 313 354

Образец на лични податоци за осигурување на професионална одговорност на здравствени работници - лекарска грешка

Име и презиме
ЕМБГ
Адреса на живеење
телефон за контакт                            
е-пошта
вработен/а во
одберете опција за ваше покритие на полисата
покритие (евра) премија по лице (евра)
250.000 228,00
100.000 143,00
75.000 93,00
50.000 67,00

НАПОМЕНА: Уплатата на премијата се врши на денот на подигање на полисата во денарска противвредност по среден курс на НБРМ.

Договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот (осигурениците) се одговорни за вистинитоста на податоците кои се наведени во понудата.

Договорувачите/Осигурениците имаат право на пристап и право на исправка на нивните лични податоци.

согласен за вршење на директен маркетинг од страна на осигурителната компанија / брокерското друштво
не сум согласен за вршење на директен маркетинг од страна на осигурителната компанија / брокерското друштво

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3