пребарување
Се вчитува...
   
 
Свечено одбележани 25 години од основањето на ЛКМ 29.09.2017 „Верувам дека Комората веќе се наметнува како партнер во општеството и во креирањето на здравствените политики, стана почитувана и компетентна професионална асоцијација со јавни овластувања. Наша обврска е во годините пред нас, заедно со Македонското лекарско друштво и сите други докторски здруженија да продолжиме да се грижиме за квалитетот на континуираната медицинска едукација и како струкова асоцијација да го зајакнеме единството на докторите и секако да придонесеме за враќање на нашиот дигнитет и подобрување на статусот“, истакна претседателката на Лекарската комора на Македонија, доц. д-р Кaлина Гривчева – Старделова на Свечениот собир со кој на 28 септември ова година, во МАНУ, во Скопје се одбележаа 25 години од основањето на оваа професионална асоцијација. Во присуство на голем број гости, меѓу кои академици, ректори, декани на медицинските факултети, претставници на Министерството за здравство, на Стоматолошката и Фармацевтската комора, на Македонското лекарско друштво, на Фондот за здравствено осигурување, на комори од ЗЕВА - асоцијацијата, претставници на дипломатскиот кор, меѓународни организации и асоцијации, на фармацевтскитe куќи и доктори, претседателката Гривчева – Старделова, истакна дека верува дека ќе се успее да се создадат услови и да се мотивираат младите доктори да останат и да работат во својата татковина. Потенцирајќи го значењето на овој јубилеј, таа им се заблагодари на поранешните претседатели на Лекарската комора за нивниот придонес за јакнење на улогата и функцијата на Комората.
Потпишана Декларација „Стоп на насилството во здравството“ 28.09.2017 Денеска во Лекарската комора на Македонија се потпиша Декларација - стоп за насилството врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници
Министерството за финансии го „пломбира” новиот трошковник на сметководителите 18.09.2017 Поради реакција на голем број сметководители и правни субјекти, на 13 септември, Министерството за финансии уште еднаш укажа дека Предлог - правилникот за утврдување основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени работи, кој е објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.Македонија, е незаконски и затоа не треба да се применува.
Претседателката Гривчева - Старделова и Заменикот на претседател Бесими на ЗЕВА во Љубљана 15.09.2017 Претседателката на Лекарската комора на Македонија, д-р Калина Гривчева - Старделова и заменикот на претседателот д-р Илбер Бесими, учествуваат на 24 ЗЕВА симпозиум на лекарските комори од Централна и Источна Европа што вчера започна во Љубљана, Р. Словенија.
Коморите заеднички бараат решенија за проблемите 14.06.2017 Претседателите на Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора на Македонија, доц. д-р Калина Гривчева - Старделова, проф. д-р Владимир Поповски и проф. д-р Бистра Ангеловска, денес, одржаа заедничка средба на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат во реализацијата на своите активности и јавни овластувања
Одбележан Денот на Лекарската комора на Македонија 05.06.2017 По повод 5–ти јуни, Денот на Лекарската комора на Македонија, денес на заедничка средба на претставниците на ЛКМ со претставници на државните институции, универзитетите, медицинските факултети, професионални лекарски асоцијации и здруженија се одбележа 25 годишнината од основањето на оваа професионална докторска асоцијација со јавни овластувања.
Д-р Калина Гривчева – Старделова претседател на ЛКМ, д-р Илбер Бесими заменик на претседателот 23.05.2017 Доц. Д-р Калина Гривчева – Старделова од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во Скопје е избрана за претседател на Лекарската комора на Македонија (ЛКМ), а за заменик на претседателот на оваа професионална асоцијација со јавни овластувања е избран д-р Илбер Бесими од Клиниката болница во Тетово
Изборни активности - термини за Собири на лекари од одборите на ЛКМ 16.03.2017 Согласно одредбите од Статутот и Правилникот за избор и отповикување на членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија, Собранието на Лекарската комора на Македонија на седницата одржана на 23.2.2017 година донесе Одлука за распишување избори за членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија.
Избори за органите и телата на Комората на 6 април 2017 година 24.02.2017 Собранието на ЛКМ кое се одржа на 23.2.2017 година, на седницата го усвои и Извештајот за работата на Комората за изминатиов период, донесе Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, текстот на Предлог Законот за докторска дејност, правилници на Комората кои што произлегуваат од јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита како и деловници за работа на Извршниот одбор.
Термини за полагање на стручен испит на доктори за 2017 година 23.01.2017 Лекарската комора на Македонија ги утврди термините за пријавување и полагање на стручниот испит за доктори на медицина за 2017 година.
Полагање стручен испит за студенти на медицина 07.10.2016 Согласно законската регулатива студентите на медицина по положувањето на претклиничките испити од студиската програма за прва и втора студиска година и исполнувањето на условите за напредување и за запишување на петтиот семестар утврдени со студиската програма, полагаат прв дел од стручен испит во Лекарската комора на Македонија.
Свечено одбележан Денот на Лекарската комора на Македонија 04.06.2016

Во присуство на голем број гости, претседателот Чакалароски истакна дека во изминативе 24 години од (ре)основањето, Лекарската комора на Македонија „се втемели како самостојна, професионална организација на докторите и се наметна како вистински партнер во општеството и во креирањето на здравствените политики, односно стана почитувана и компетентна професионална асоцијација со јавни овластувања“

Највисоко признание за 2015 година, Плакета „Св.Наум Охридски“ за д-р Мирослав Бојаџијевски 03.06.2016 Во рамките на свеченоста, беше доделена Плакетата „Св. Наум Охридски“. Добитник на ова највисокото признание на Лекарската комора на Македонија оваа година е д-р Мирослав Бојаџијевски од Скопје
Најдобар стручен и научен труд објавен во „Vox medici“ за 2015 година 03.06.2016 Наградата за најдобар објавен стручен и научен труд во „Vox medici“ во 2015 година рамноправно ја поделија трудовите „Карбоцистеин во амбулантското лекување на егзацербациите на хроничниот бронхитис и хроничната опструктивна белодробна болест“ и „Нутрофилна дисфункција предизвикана со злоупотреба на антибиотици кај децата“
Д-р Мирослав Бојаџијевски: Повеќе инвестиции за домашна нега на тешко болните 03.06.2016 „Како држава сме пионери во нега на болни во домашни услови, која треба да се развива повеќе, бидејќи со неа ќе се растоварат болничките капацитети и ќе се намалат здравствените трошоци“,вели д-р Мирослав Бојаџијевски, лекар на годината во избор на Лекарската комора на Македонија.
Остварена средба со Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Македонија 03.05.2016 На средбата стана збор за актуелните проблеми со кои се соочуваат специјализантите, динамиката и обемот на новите проекти (кофинансирање на приватни специјализации) како и потребата за решавање на статусот на приватните специјализанти.
Традиционални турнири и натпревари на спортските секции 08.04.2016 Во рамките на одбележувањето на 7 април - Светскиот ден на здравјето, спортските секции при Лекарската комора организираа турнири и натпревари во неколку спортски дисциплини
Дефиниран Анекс-договорот за ПЗЗ – општа медицина 20.11.2015 Преговарачкиот тим на ЛКМ, на денешната средба со менаџерскиот тим на ФЗОМ го дефинира Анекс-договорот за извршување и плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита - општа медицина.
следни 20 записи
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3