пребарување
Се вчитува...
   
 

Почитувани,
Заради неопходноста на континуирано ажурирање на базата на податоци, Лекарската комора на Македонија апелира до лекарите кои имале промена  во личните податоци, промена на работното место, односно, работат во друга здравствена установа или ја смениле адресата на живеење, да достават точни податоци.
Известувањето за промените може да се прати на e-mail адресата: lkm@lkm.org.mk или да се достави до Стручната служба на Лекарската  комора на Македонија, бул. „Партизански одреди“ број 3, 1000 Скопје, Македонија.

повеќе

Предлог - текст за изменување и дополнување на Статутот на ЛКМ

Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија на последната седница одржана на 09.06.2016 година, го утврди текстот на статутарната Oдлука за изменување и дополнување на Статутот на ЛКМ

повеќе

Активности

Свечено одбележан Денот на Лекарската комора на Македонија

Во присуство на голем број гости, претседателот Чакалароски истакна дека во изминативе 24 години од (ре)основањето, Лекарската комора на Македонија „се втемели како самостојна, професионална организација на докторите и се наметна како вистински партнер во општеството и во креирањето на здравствените политики, односно стана почитувана и компетентна професионална асоцијација со јавни овластувања“



Д-р Мирослав Бојаџијевски: Повеќе инвестиции за домашна нега на тешко болните
„Како држава сме пионери во нега на болни во домашни услови, која треба да се развива повеќе, бидејќи со неа ќе се растоварат болничките капацитети и ќе се намалат здравствените трошоци“,вели д-р Мирослав Бојаџијевски, лекар на годината во избор на Лекарската комора на Македонија

Остварена средба со Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Македонија
На средбата стана збор за актуелните проблеми со кои се соочуваат специјализантите, динамиката и обемот на новите проекти (кофинансирање на приватни специјализации) како и потребата за решавање на статусот на приватните специјализанти

Дефиниран Анекс-договорот за ПЗЗ – општа медицина
Преговарачкиот тим на ЛКМ, на денешната средба со менаџерскиот тим на ФЗОМ го дефинира Анекс-договорот за извршување и плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита - општа медицина

Делегација на Лекарската комора на Косово во ЛКМ

Во разговорите кои минаа во исклучително колегијална и работна атмосфера беа отворени низа прашања за местото и улогата на Комората во системот, нејзините јавни овластувања како и за процесот на лиценцирање и постапката за акредитација на докторите и стручните активности.

Потпишана Повелба за заштита и унапредување на докторската професија и донесување на Закон за докторска дејност

Ние потписници на оваа Повелба, како и оние кои кон неа ќе пристапат, јавно се обврзуваме, секој во своите ингеренции, дека ќе работиме на заштита и унапредување на докторската професија преку донесување на Закон за докторска дејност...

сите активности

Соопштенија

Образецот ГЛБД со ажурирана содржина
Според соопштението од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, од лековите кои се опфатени со овој Образец, аптеките се должни во секое време да имаат најмалку по еден лек без доплата од секоја наведена генерикa

Комората ги осудува неоснованите обиди за деградирање на работата на здравствените работници
Лекарската комора на Македонија најостро реагира и ги осудува обидите за деградирање на работата на здравствените работници и апелира дека е потребно да се има доверба во нивната стручност, компетентност и одговорност

Конкурс за MEDIS AWARDS - Меѓународни награди за медицински достигнувања 2016
Меѓународната фармацевтска компанија Медис, д.о.о. го објавува традиционалниот конкурс за истражувачи и стручни лица кои објавиле научно – истражувачки труд во подрачјето на алергологија, анестезиологија, фармација, неврологија, офталмологија, педијатрија, пулмологија, ревматологија или урологија.

Јавен повик за испитувачи за стручен испит на студентите на медицина и докторите на медицина
Согласно член 121 од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14,10/15 ), Лекарската комора на Македонија формира испитна комисија составена од пет членови кои се доктори на науки од областа на медицината за спроведување на стручниот испит (прв и втор дел) на студентите на медицина за продолжување на студиите и запишување на трета година на студиската програма и на здравствени работници со високо образование (доктори на медицина) за стекнување на лиценца за работа

Професор Чакалароски: Дијабетесот е сериозен глобален здравствен проблем
По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, кој оваа година се одбележува под мотото „Да го победиме дијабетесот“

Претседателот Чакалароски оствари прва средба со групата специјализанти и идни специјализанти
Претседателот на ЛКМ, проф. д-р Кочо Чакалароски, на 8 март 2016 година во просториите на Комората на нивно барање прими делегација на групата специјализанти и идни специјализанти кои имаат забелешки и бараат измени на законските одредби

Акредитираните стручни активности редовно се објавуваат на Веб страницата на ЛКМ
Специфичната медицинска едукација за рано дијагностицирање може да ја организира Министерство за здравство, Македонско лекарско друштво, Здружението на приватни лекари на Р.М или други стручни професионални здруженија

Боците со медицински кислород подлежат на периодична контрола и испитувања
Приватните и јавните здравствени установи (примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита), потребно е да се придржуваат кон упатствата согласно Правилникот за пренослива опрема под притисок

Од 1 јули 2016 година капитациониот бод за матичните лекари поголем за 10 проценти
Капитациониот бод за матичните лекари од 1. 7. 2016 година ќе се зголеми од 50 на 55 денари, односно избраните лекари ќе добијат 10 % зголемување за поквалитетна грижа за здравјето на пациентите

Предлог - текст за изменување и дополнување на Статутот на ЛКМ сите соопштенија
акредитирани стручни активности

Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Vox Medici
 
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник, вторник, среда и петок од 08 до 16 ч.
четврток од 08 до 18 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3