Почеток
Новости
Историја
ЛКМ денес
Основ за формирање
Цели и задачи
Организациона структура
Акти
Публикации
Контакт
 
 
 
 
 
 
 
 

   
09.01.2012
Преговори со ФЗО за договорите за 2012 година
Исплата на 100 отсто од месечниот надомест за матичните
Фондот за здравствено осигурување секој месец место досегашните 70 отсто, на избраниот лекар ќе му исплатува 100 отсто од месечниот надомест. Гинеколозите наместо бараниот дополнителен коефициент за бремени жени, ќе добијат зголемување на поените за 100 отсто исплата од досегашните 2.500 на 3.500 поени
08.01.2012
Конкурс за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“ за особени постигнувања во областа на здравството во 2011 година
Наградата „Св. Наум Охридски“ се доделува во знак на признание за особени остварувања во областа на здравството, на поединец- доктор на медицина. Наградата е парична и се доделува еднаш годишно на доктор кој во претходната година особено се истакнал со совесно и одговорно извршување на докторската професија, кој остварил особено добри резултати во лекувањето на пациентите и се стекнал со доверба и популарност кај нив, кој остварил до-бра соработка и однос со своите колеги, не истакнувајќи ги притоа своите ам-биции и квалитети и не злоупотребувајќи го своето влијание кон пациентите за да се здобие со материјална корист, односно доследно се придржувал кон принципите на медицинската етика и Кодексот на медицинската деонтологија.
03.01.2012
Концептот за наградување според успешност со предложената методологија има многу правни, економски и стручни недостатоци
“Лекарската комора на Македонија, како професионална и стручна асоцијација, во целост ги поддржува реформските заложби на Министерството за здравство кои треба да резултираат со подобрување на системот, подигањето на квалитетот на здравствените услуги, а во тие рамки и подобрување на статусот на лекарите и на здравствните работници при имплементација на проектот за плаќање на лекарите според успешност, односно на системот на наградување според завршената работа. Пред се водејќи се од потребата за поадекватно вреднување на трудот на докторите кој во моментот е максимално потценет и под секое достоинство.

Соочувајќи се со одговорност пред членовите на Лекарската комора на Република Македонија, но и пред целокупната јавност, а врз основа на мандатот што го има, ЛКМ чувствува обврска да предупреди дека Концептот за наградување на докторите според успешност со предложената методологија има многу правни, економски и стручни недостатоци и доколку тие адекватно не се дефинираат ќе резултира со стручни и економски негативни последици”, е оцената на Работната група на Комората, која како официјален допис е доставена и до министерот за здравство, Никола Тодоров.

Ваквиот став на ЛКМ е дефиниран врз основа на анализите и заклучоците на работната група формирана за следење на Концептот за наградување на докторите според успешност, јавните расправи како и сугестии и забелешки на доктори поединци, стручни колегиуми и ОО на ЛКМ.
02.01.2012
ЛИЦЕНЦИТЕ ДА СЕ ДОСТАВАТ ДО ПОДРАЧНИТЕ СЛУЖБИ
Фондот за здравствено осигурување ги известува лекарите со обновени лиценци кои се уште не ги доставиле лиценците во ФЗО, ВЕДНАШ да ги достават до подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување

ПРИЈАВА ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ДОКТОРИ
(симнете ја пријавата)



ОБРАСЦИ ЗА КОНТИНУИРАНАТА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА
(симнете ги обрасците)


По повод 15-годишниот јубилеј
Признание од Стоматолошката комора за проф. д-р Владимир Борозанов
По повод јубилејот, 15 години постоење и делување, Стоматолошката комора на Mакедонија и додели Благодарница на Лекарската комора на Mакедонија
:: повеќе ::
Ажурирање на податоците за руралните амбуланти
Поради ажурирање на податоците со кои располага Лекарската комора, апелираме до сите доктори на медицина од примарна здравствена заштита кои својата дејност на матичен доктор ја вршат во амбуланти прогласени како рурални од 01.11.2011 година, што поскоро да ги достават до Комората следните податоци
:: повеќе ::
Иницирани измени на Статутот на Комората
Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија на седницата што се одржа на 3.11.2011 го усвои текстот на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија
:: повеќе ::
Реализирани активности во 2011 година

:: повеќе ::


Мали огласи на www.lkm.org.mk

Од први јули 2009 година сите доктори, членови на Лекарската комора на Македонија имаат право на бесплатно огласување.
Сите заинтересирани на ВЕБ страницата на Лекарската комора можат да побараат вработување или сопствениците на приватни здравствени установи да понудат работа за доктор или медицинска сестра. Исто така, може да се понуди на продажба или закуп на ординација, медицински апарати и слично.


:: повеќе ::

ПОПУСТИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛКМ

Општинскиот одбор на Лекарската комора на Македонија Битола 2, паралелно со активностите што произлегуваат од правата и обврските, пропишани во Статутот, обезбеди користење привелигиран статус за користење на одредени услуги. За сите доктори - членови на Лекарската комора на Македонија, Општинскиот одбор договори соработка со бенифицирани цени со повеќе битолски фирми.


:: повеќе ::