|
ЦЕЛИ
Лекарската комора на Македонија е самостојна и професионална организација
на докторите по медицина, здружени заради заштита и унапредување
на стручноста, етичките должности и права, за подобрување на квалитетот
на здравствената заштита, за следење на односот на здравствените
работници кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на
интересите на лекарската професија.
Комората ги застапува и ги заштитува интересите на членовите на
Комората а се грижи и за угледот при вршењето на лекарската професија.
ЗАДАЧИ
- Се грижи за почитување на етичките и правни норми при
вршењето на медицинската практика;
- Води сметка за придржувањето кон моралните принципи, чесноста
и неопходната преданост кон медицинската професија, за угледот
на докторите и за чувањето на лекарската тајна;
- Води регистер на доктори во Република Македонија;
- Донесува акти во врска со лиценците за работа на докторите;
- Ја брани честа и независноста на медицинската професија;
- Работи на унапредување на стручноста и го поттикнува постојаното
усовршување на своите членови;
- Ја поттикнува соработката меѓу членовите и ги разгледува и смирува
евентуалнтите спорови меѓу нив;
- Се грижи за правна, социјална и друг вид заштита на своите членови
и
- Се бори против сите видови надрилекарство
|